Македонска боксерска федерација

Македонскиот бокс се наоѓа во нова ера на професионализам, стабилност и меѓународен успех

Спортист на годината 2025

Успесите на Ален Рустемовски на меѓународната сцена ја потврдуваат посветеноста, талентот и врвниот квалитет на македонскиот бокс.

„Златен Гонг“ 2025

54-ти Меѓународен боксерски турнир за сениори.
На турнирот учествуваа боксери и тренери од 10 држави: Македонија, Бугарија, Албанија, Шведска, Австрија, Словенија, Англија, Турција, Молдавија и Хрватска

World Boxing (Светски Бокс)

Приемот во World Boxing е голем чекор напред и нова врата што се отвора за нашите млади спортисти

Мисија

Зошто постоиме

Националната боксерска федерација на Македонија е срцето на боксерскиот спорт во земјата, обединувајќи клубови, тренери, судии и спортисти во една стабилна и професионална заедница.

Со јасна визија и посветеност на спортските вредности, Федерацијата го поддржува развојот на младинските категории, афирмира елитни спортисти и промовира македонскиот бокс на национално и меѓународно ниво.

Најнови информации

Новости

Сите новости
Спортист на годината 2025
26.10.2026 Новост

Спортист на годината 2025

Македонски бокс на врвот! Ален Рустемовски – Спортист на годината 2025. Адријан Рустемовски – Најуспешен млад спортист. На 29 јануари 2026 година, во Националната опера и балет, Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија (ССФМ) ги доделија наградите „Спортист на годината 2025“, со кои се оддава највисоко признание на најуспешните спортисти во државата. Ален Рустемовски сјаеше на Европското првенство во Ереван, освојувајќи сребрен медал, и го заслужи признанието „Спортист на годината 2025“. Неговите успеси на меѓународната сцена ја потврдуваат посветеноста, талентот и врвниот квалитет на македонскиот бокс.

На 29 јануари 2026 година, во Националната опера и балет, Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија (ССФМ) ги доделија наградите „Спортист на годината 2025“, со кои се оддава највисоко признание на најуспешните спортисти во државата. Ален Рустемовски сјаеше на Европското првенство во Ереван, освојувајќи сребрен медал, и го заслужи признанието „Спортист на годината 2025“. Неговите успеси на меѓународната сцена ја потврдуваат посветеноста, талентот и врвниот квалитет на македонскиот бокс. Овие награди претставуваат голема чест за спортистите и силна потврда за континуираниот развој на македонскиот бокс. Посебна благодарност до тренерот Јове Петровски за неговата посветена работа и стручност, како и до сите тренери и стручни тимови кои придонесуваат во развојот на нашите спортисти.

Прочитај повеќе
Што е следно?

Претстојни натпревари

Европското првенство
25.10.2026

Европското првенство

Дознај повеќе за настанот и пријави се.

Детали
Златен Гонг
25.10.2026

Златен Гонг

Дознај повеќе за настанот и пријави се.

Детали
Дејност

Што работиме

Натпревари

Организација на државни првенства, купови и меѓународни настани под окрилје на федерацијата.

Репрезентација

Селекција, подготовка и настап на националните селекции на европски и светски натпревари.

Клубови и кадар

Регистрација на клубови, лиценцирање на тренери и судии, и развој на младите категории.

Македонскиот бокс се наоѓа во нова ера на професионализам, стабилност и меѓународен успех.

Кристијан Андреевски Претседател на Македонската боксерска федерација

Клуб во состав на федерацијата

За условите за зачленување и потребната документација, контактирајте нè.