← Сите новости
26.10.2026

Спортист на годината 2025

На 29 јануари 2026 година, во Националната опера и балет, Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија (ССФМ) ги доделија наградите „Спортист на годината 2025“, со кои се оддава највисоко признание на најуспешните спортисти во државата.

Ален Рустемовски сјаеше на Европското првенство во Ереван, освојувајќи сребрен медал, и го заслужи признанието „Спортист на годината 2025“. Неговите успеси на меѓународната сцена ја потврдуваат посветеноста, талентот и врвниот квалитет на македонскиот бокс.

Овие награди претставуваат голема чест за спортистите и силна потврда за континуираниот развој на македонскиот бокс.

Посебна благодарност до тренерот Јове Петровски за неговата посветена работа и стручност, како и до сите тренери и стручни тимови кои придонесуваат во развојот на нашите спортисти.

Спортист на годината 2025 1 / 4
Спортист на годината 2025 2 / 4
Спортист на годината 2025 3 / 4
Спортист на годината 2025 4 / 4